Лудата забава на Норис за Ф1-титулата чинела 114.000 евра

Само неколку часа откако во неделата Ландо Норис го симна Макс Верстапен од тронот и стана нов светски шампион во Формула 1, Британецот заедно со својата девојка и пријателите организираше грандиозна забава во Абу Даби.

Според британскиот весник The Sun, друштвото посетило неколку луксузни локали, а самиот Норис подоцна признал дека сериозно се напил. На социјалните мрежи брзо се појавија и неколку видеа од славјето.

Набргу потоа излезе и информацијата за вкупната сметка што ја платил новиот шампион, таа била околу 114.000 евра. Норис открил дека прославата траела до 6 часот наутро во понеделник, а на крајот тој и пријателите размислувале да одат во „Мекдоналдс“, но сепак се вратиле во хотелот на појадок.

Пријателите на Ландо појасниле дека високата сума се насобрала бидејќи посетувале исклучиво локали во кои практично има само европска клиентела поради консумирањето алкохол, а таму цените се значително повисоки. Дополнително, речиси насекаде се нарачувало шампањ, што уште повеќе ја зголемило сметката.