Лоренцо пак се повреди, ќе мора на нова операција 

Рапсол Хонда, вечерва ги растревожи своите фанови, откако објави дека нивниот возач Хорхе Лоренцо доживеа незгодна повреда и ќе мора да замине на операција. 

Шпанскиот возач само што заздрави од повредата на зглобот на раката, како последица од незгодниот пад на трката во Тајланд, но на вчерашниот тренинг повторно беше невнимателен и повторно се повреди. 

Станува збор за повреда на левата шака, па по консултација со лекарскиот тим, се донесе одлука повторно да оди на операција, која ќе биде извршена во клиника во Верона. 

Од Репсол Хонда најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе објават нови детали околу повредата на својот член, односно дали истата е сериозна и колку време ќе биде приморан да биде оддалечен од патеките.