Лоренцо најави пензија: Хонда ќе биде мојот последен тим

Шпанскиот мотоциклист Хорхе Лоренцо најверојатно ќе ја заврши кариерата во тимот на Хонда.

31-годишниот Шпанец цели 11 сезони настапува во кралската класа и освојувач е на три титули во најсилната класа Мото ГП.

„Дури и во тешките времиња продолжувам да работам напорно и никогаш не се откажувам. Хонда може да биде мојот последен тим. Резултатите ќе покажат, иако намерата ми е тука да завршам”, изјави Лоренцо.

Шпанскиот мотоциклист пред само два месеци мина во тимот на Хонда и неговите изјави се дека одлично се чувствува во новиот тим и нема намера повеќе да вози во друг табор.