Лоренцо бара трката во Катар да започне порано поради безбедносни причини

Хорхе Лоренцо

Шпанскиот возач на Хонда, Хорхе Лоренцо, посакува промена на сaатницата на почетокот на воведната трка во Мото ГП шампионатот во Катар.

Тестовите на патеката „Лусаил“ покажаа дека температурата значително опаѓа по 20:30 часот што би можело да влијае на изданието и безбедноста на возачите. Официјалниот старт е закажан за 20:00 часот по европско време.

„Моравжв да ја заштитам мојата рака и за среќа успеав, а ако не го направев тоа, ќе заработев повреда. Не очекував да паднам, бидејќи бев во тркачки ритам, но температурата на патеката беше многу ниска, многу опасна. Покрај тоа имаше висока влажност и многумина пилоти ја напуштија патеката во последните два часа. Беше грешка да се обиде да се прави симулација на трки во тоа време од денот“ , беа зборовите на трикратниот светски шампион.

Тој веќе реагираше до организаторите, а се очекува да видиме дали ќе добие поддршка и од останатите колеги.

Трката во Катар со која што ќе биде означен старт на новата сезона е закажана за 10 март.