Лондон и Британија добиваат втора Ф1 трка во иднина?

Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун, наговести дека главниот град на Велика Британија, Лондон во блиска иднина може да добие и втора Формула 1 трка. Сепак, се разгледува локацијата, која сигурно ќе би периферија, а не центар на градот. 

„Центарот нема да биде затворен цела недела поради нас. Во периферијата на градот има опции за патека, и тие опции може да се искористат“, вели Браун.

Браун смета дека компанијата Либерти Медиа, која ги поседува правата на брендот, не се обидува да ја замени традиционалната трка во Силверстон, која има договор до 2019 година. 

Втора трка во Британија многу ќе значи и од комерцијална гледна точка и ќе донесе многу пари во Лондон и Англија.