Љубовта продолжува и по пензијата: Јамаха и Роси пак заедно

Големиот Валентино Роси ја имаше последната МотоГП трка и ја заврши кариерата, но со тоа не завршува неговата активност во најбрзиот шампионат на две тркала.

Италијанецот има академија низ која едуцира многу возачи, а од следната сезона таа ќе биде дел од Мото 2 шампионатот. Партнер ќе му биде неговиот тим „Јамаха“, а тимот под името ВР46 ќе дебитира следната сезона.

Во тимот на Роси ќе бидат Кеминт Кубо, 22-годишник од Тајланд и Мануел Гонзалез од Шпанија кој има само 19 години.