Ленс Строл во новата сезона ќе вози за Индија Форс

Екипата на Индија Форс соопшти дека во наредната сезона нов возач на тимот ќе биде Ленс Строл.

20-годишниот Канаѓанец во тимот доаѓа како замена за Естебан Окон. Минатата сезона ја мина во Вилијамс, а во Абу Даби беше во тимот на Индија Форс, во чии редови го тестираше болидот.

Партнер на Строл во тимот на Индија Форс в година ќе биде Серхио Перез.