Ленс Строл поради бизарна повреда ќе ги „скокне“ тестовите во Бахреин

Ленс Строл нема да биде во болидот на Астон Мартин на претсезонските тестови кои оваа седмица се на програмата во Формула 1. 

Причината за тоа е навистина бизарна. Канаѓанецот се повредил возејќи велосипед и поради тоа го очекува кратка пауза. Ова доаѓа во навистина незгоден момент за Строл, бидејќи официјалните тестови се навистина важни за тимот и возачите. 

Првата трка во новата сезона се вози во Бахреин на петти март. Сепак, дотогаш непознато е кога Строл ќе може да се врати на обврските и тренинзите, но сигурно е дека нема да биде дел од тимот на тестирањата во Бахреин.