Лекуона ќе го менува Алдегар и на Силверстоун

Фермин Алдегер нема да настапи и на следната трка за Големата награда на Велика Британија, закажана за следниот викенд на патеката Силверстоун. Шпанскиот возач ќе ја пропушти трката со цел целосно да закрепне, со што дополнително се одложува неговото враќање во тимот.

Сепак, вестите за неговата здравствена состојба се охрабрувачки, бидејќи Алдегер доби медицинско одобрение да започне со тренинзи од 15 август. Ова е првиот чекор кон целосно закрепнување, со цел тој да биде подготвен за тимот на трката за Големата награда на Арагон, која е закажана за околу еден месец.

Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека одлучиле да не брзаат со враќањето на Алдегер, овозможувајќи му да ја заврши рехабилитацијата без непотребни ризици. Шпанскиот возач се здоби со фрактура на Т7 пршленот при пад во свиокот Дујкерслут на патеката во Асен.