Леклер: Знаев дека Верстапен ќе оди на сè или ништо од првиот свиок

Екипата на Ферари имаше одличен викенд на трката за ГН на САД, а по триумфот во Остин, Чарлс Леклер вели дека чувството е многу добро и се надева дека ќе има такви резултати во иднина.

Леклер славеше пред тимскиот колеа Карлос Саинц и бранителот на титулата Макс Верстапен. По завршувањето на трката, Леклер најпрвин зборуваше за тактиката на стартот:

„Некако очекував дека ова ќе се случи. Знаев дека Макс ќе оди на сè или ништо уште на првиот свиок. Знаев и дека Ландо ќе се обиде и ќе направи апсолутно се за да се одбрани од Макс. Така отидов малку пошироко за да се подготвам за излезот од аголот. Тоа беше победнички потег, кој доста ми помогна во остатокот од трката бидејќи имав простор пред мене и бевме многу брзи при првиот рафал“, изјави Леклер.

Победата на Ферари не беше загрозена за време на целата трка, а следниот викенд се вози трката за ГН на Мексико.