• Мартин Танасковски
Чарлс Леклерк даде коментар за перформансите на неговиот нов колега од Ферари, Луис Хамилтон, и уште еднаш го поддржа Британецот во неговата адаптација на болидот и работата на Скудерија.
„Секогаш е тешко кога ќе се приклучите на нов тим, каде што работат на различен систем, автомобилот е нов и различен. Но, сигурен сум дека Луис ќе го направи тоа. Веќе научив многу од Хамилтон оваа сезона. Одлично е што го имаме во тимот и тој се справи со тешки предизвици, неговото искуство му дава поинаква перспектива за тоа како работиме. И ние научивме многу од него.“, изјави Леклерк.
Ферари во актуелната Ф1-сезона се наоѓа на четвртото место кај тимовите со 78 бода. Лидер е Мекларен со 188 бода, пред Мерцедес со 111 бода, додека трет е Ред Бул со 89 бода.