Леклерк: Сон ми беше да возам за Ферари, имам да направам уште многу

Медиумите објавија приказна дека Чарлс Леклерк по две години ќе го напушти Ферари и ќе премине во Мерцедес. Младиот Формула 1 возач даде коментар и кажа дека е среќен во италијанскиот тим и дека не размислува да си оди.

„До 2024 година има уште многу време, плус, имам да направам уште многу нешта со Ферари. Од дете сонував да бидам возач на Скудерија. Засега целите ми се само да победувам со Ферари. А, потоа, ќе видиме“, изјави Леклерк.

Чарлс Леклерк ја заврши Формула 1 сезоната на второто место во генералниот пласман, зад актуелниот првак Макс Верстапен.