Леклерк со неверојатно време му го „украде“ првото место на Хамилтон во Австрија

Чарлс Леклерк од Ферари имаше одлични квалификации на „Ред Бул Ринг“ и ќе стартува од првата позиција на трката за ГН на Австрија.

Французинот извозе фантастично во последниот круг и го освои првото место со неверојатно време од 1:03.003 секунди. Успеа да го надмудри Луис Хамилтон, актуелниот првак ќе стартува од второто место, додека третата позиција му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул.

Ривалот на Хамилтон за врвот, Себастијан Фетел, ќе стартува дури од десеттата позиција. За Леклерк ова беше втора пол-позиција оваа сезона, или вкупно втора во кариерата. 

Трката за ГН на Австрија се вози в недела од 15:10 часот.