• Мартин Танасковски
Сезоната 2025 не ги исполни високите очекувања на Ферари во Формула 1, но Чарлс Леклер останува убеден дека Скудерија веќе подготвува значително посилен одговор за следната година.
Иако возачот од Монако седум пати се искачи на подиумот, а Луис Хамилтон запиша победа само на спринт-трката во Кина, Леклер отворено признава дека зад нив е тежок период, но нагласува дека фокусот мора да биде насочен кон иднината, а не кон разочарувањата.
„Сезоната 2025 беше комплицирана и во многу моменти разочарувачка, но се трудам што е можно побрзо да ги оставам негативните емоции зад себе Дали Луис имаше проблеми? Тој секогаш е неверојатно мотивиран. Крајот на сезоната беше тежок не само за Луис, туку за целиот тим. Болидот стануваше сè покомплициран за возење, но искрено верувам дека следната година ќе се вратиме во борбата во многу подобра форма и дека ќе бидеме значително посилни“, порача возачот на Ферари.
Во Маранело веќе владее уверување дека научените лекции од 2025 ќе бидат клучни за напредокот, а Леклер јасно става до знаење дека тимот не се откажува од амбициите повторно да се вклучи во самиот врв на Формула 1.