Леклер оствари втора пол-позиција во низа и ќе стартува прв во Баку!

Леклер

Чарлс Леклер изненадувачки ја освои пол-позицијата во квалификациите во пресрет на трката за ГН на Азербејџан.

Возачот на Ферари оствари најбрзо време и зад себе ги остави големите фаворити Луис Хамилтон и Макс Верстапен. 23-годишникот запиша време од 1:41.218 минути.

Ова е втора пол-позиција во низа за пилотот од Монако. На претходната трка на домашен терен немаше среќа и поради проблеми го пропушти почетокот.

Трката во Баку е закажана за утре, а први фаворити за победата остануваат Верстапен и Хамилтон, кои водат голема борба во генералниот пласман.