Леклерк нема да биде „број еден“ во Ферари во 2020

Чарлс Леклерк нема да биде лидер на Ферари во новата сезона и покрај тоа што постои добра шанса во генералниот пласман да заврши пред клупскиот колега Себастијан Фетел.

Ова го смета Фетел, кој изјави дека не верува дека генералниот пласман ќе донесе нешто поинаку во италијанскиот тим.

„Амбицијата ми е да завршам на третото место, затоа што нема како да сум прв или втор. Не сметам дека генералниот пласман ќе значи нешто околу ситуацијата во Ферари наредната сезона“, изјави Фетел.

Чарлс Леклерк е на третото место со 249 бода, а Фетел е петти со 230 бода. До крајот на шампионатот има уште две трки, во Бразил и Абу Даби.