Леклерк лут на Ферари: Имавме погрешна тактика...

Чарлс Леклерк стартуваше од првото место на трката за ГН на Мексико, меѓутоа не успеа да застане на подиумот. Французинот го загуби местото поради погрешна тактика во боксот, при менување на гуми, нешто за што е свесен и нешто кое го искритикува по трката.

„На првото влегување во боксот ја штитевме позицијата, а подоцна знаевме дека мора да влеземе уште еднаш во бокс. Вториот влез не беше најдобар и тоа промени се на оваа трка. Направивме грешка во промената на гумите и останавме доста подолго во боксот. Се обидов на крајот да дојдам до водечките, но не успеав. Тактиката не беше воопшто добра“, изјави Леклерк.

Трката за ГН на Мексико која се возеше во Мексико Сити успеа да ја добие Луис Хамилтон, кој е на само четири бода од нова Ф1-титула, шеста во кариерата.