Леклерк: Ќе ги почитувам наредбите, но само до одредена граница

Леклерк наредби

Овој викенд се вози петтата трка од новата сезона во Формула 1 шампионатот. Истата ќе биде организирана на патеката во Барселона.

Екипата на Ферари се надева дека конечно ќе ја прекине доминацијата на Мерцедес и дека ќе ја намали разликата во генералниот пласман. За да го направи тоа и двата возачи ќе мора да имаат перфектен викенд, а Черлс Леклерс тврди дека е подготвен да се бори за победата против сите.

„Мојата долгорочна цел е да станам шампион. Знам дека сум млад и дека пред мене има многу работа, но тоа ми е планот. Во блиска иднина во мислите ми е првата победа во Ф1 шампионатот.

Мислам дека резултатите ќе пристигнат набрзо. Што се однесува на тимските наредби, ги разбирам. И порано кажав дека јасно ми е како функционираат работите, но истите ќе ги прифатам до одредена граница“ , вели 21-годишникот од Монако.

Ботас и Хамилтон се далеку пред конкуренцијата меѓу пилотите, а слична е ситуацијата меѓу конструкторите каде Мерцедес има 173 и е пред Ферари кој досега освоил 99 бода.