Леклерк: Ферари има уште долг пат за пак да се бори пак за титула

Чарлс Леклерк, еден од возачите на Ферари во Формула 1, говореше за својот тим и за можностите за највисок пласман. 23-годишниот возач истакна дека италијанскиот тим има уште долг пат за повторно да биде конкурентен и да се бори за титули.

„Оваа сезона сме подобри и се претставуваме подобро во однос на ланската сезона. Возилото е доста подобрено. Но, мора да се каже дека ни претстои уште долг пат за повторно Ферари да се бори за титулата. Сега треба само да се движиме по насоката во која сме тргнати“, изјави Леклерк.

Ферари оваа сезона се бори за третото место во генералниот пласман, каде главен конкурент е тимот на Мекларен. Кај возачите, Карлос Сајнц е шестопласиран, додека Леклерк се наоѓа на седмата позиција. И двајцата се далеку од врвот.