Леклерк доминантен на првите слободни тренинзи на „Монца“

Чарлс Леклерк

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерс, вчера извози најбрзи кругови на слободните тренинзи на патеката „Монца“.

Младиот талент од Монако беше за нијанса побрз од Луис Хамилтон и од својот клупски колега Себастијан Фетел. Четвртото место му припадна на Валтери Ботас, додека петтопласиран беше Макс Верстапен.

Тренинзите донесоа променливо време, а во одредени периоди паѓаше дожд, што е најава за интересна трка в недела. 

Последниот тренинг пред квалификациите е закажан за денес, а борбата за пол-позицијата ќе започне во 15:00 часот.

Трката за ГН на Италија се вози в недела со почеток од 15:10 часот.