Леклерк до втора пол-позиција во низа на бизарните квалификации во Монца

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, освои втора пол-позиција во низа во Формула 1 и ќе стартува како прв на трката за ГН на Италија која се вози во Монца.

Леклерк заврши како прв со време 1:19.307 минути, а квалификациите беа доста бизарни, затоа што во последната рунда од квалификациите, повеќето возачи не стартуваа само за да го сочуваат времето кое го постигнаа претходно и поволната позиција.

Од второто место ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес, додека третото место му припадна на Валтери Ботас, исто така од Мерцедес. Колегата на Леклерк, Себастијан Фетел, ќе тргне од четвртата позиција.

Трката за ГН на Италија се вози в недела од 15:10 часот.