• Иван Димовски
Формула 1 викендов се вози по улиците на Баку. Трката за Големата награда на Азербејџан е в недела, а денес се одржаа петочните слободни тренинзи.
На нив најбрзо време забележа Шарл Леклер и тоа на вториот со 1:43,484 минути. Овој подвиг на возачот на Ферари е поголем ако се знае дека на првиот тренинг тој заврши во бариерите и му нанесе штета на својот болид. На вториот тренинг второто место беше за Перез со минимален заостанок од 0,006 секунди, пред Луис Хамилтон кој доцнеше 0,066, а сите останати имаа поосетно побавно време.
Charles Leclerc knows all too well how the streets of Baku can bite
This moment whilst topping the times ended the Ferrari driver's FP1 #F1 #AzerbaijanGP pic.twitter.com/gFMlGBePFV
— Formula 1 (@F1) September 13, 2024
Претходно на првиот тренинг најбрз беше Макс Верстапен со 1:45,546, на недоволно загреаните улици низ градот Баку. Зад него беше Луис Хамилтон, пред Серхио Перез и Ландо Норис.
Квалификациите за трката се в сабота од 14:00 часот, додека трката в недела е од 13:00.