• Иван Димовски
Шарл Леклер нема да вози на спринт трката за Големата награда на Мајами, откако во загревањето заврши во бариерите. Возачот на Ферари на мократа патека во Флорида загуби контрола и со десниот дел од болидот удри во заштитната ограда.
На Ферарито немаше огромна штета, ама доволна за да го отфрли настапот во спринт трката. Леклер се квалификуваше на шестото место во вчерашните квалификации.
Charles Leclerc hits the wall!!
With rain falling heavily, Leclerc sustains heavy damage on his way to the grid after contact with the wall#F1 #F1Sprint #MiamiGP pic.twitter.com/XGiaxPPuBq
— Formula 1 (@F1) May 3, 2025
Целта на механичарите на Ферари ќе биде навреме да се оспособи болидот на Леклер за настап во квалификациите за главната трка кои се на програмата вечерва во 22:00 часот.