• Иван Димовски

Единствениот домашен возач кој е по потекло од Монако, Шарл Леклер, ќе тргне од првото стартно место на култната трка во Формула 1. Најпрестижната трка на календарот ветува возбудувања, барем ако се гледаат квалификациите.
Шарл Леклер беше најбрз во текот на досегашните сесии и сосема заслужено ќе тргне од пол позицијата откако извозе најбрз круг со време од 1:10,270. Домашната публика можеше да ужива во темпото на Леклер, а историјата вели дека возачот од Монако веќе ја заврши половина од работата. Многу често се случува во Монте Карло оној кој ќе тргне прв и да победи, па притисокот е врз Ферари.
Двата болиди на Ферари на гридот ги одвои Оскар Пиастри кој имаше 0,154 побавен круг од Леклер. Зад Саинц ќе стартува Ландо Норис, па следат Џорџ Расел, шампионот Макс Верстапен кој се мачи, Луис Хамилтон, Јуки Цунода, Алекс Албон и Пјер Гасли во топ десет. Уште во првиот дел од квалификациите елиминирани беа две големи имиња, прекалените Фернандо Алонсо и Серхио Перез, па ќе имаат многу работа утре.
Трката за Големата награда на Монако се вози в недела во терминот од 15:00 часот.