Леклер: Сонот стана реалност, вечно ќе бидам благодарен на Ферари!

Во текот на вчерашниот ден најпрво беше обелоденето дека Кими Раиконен на крајот од сезоната заминува од тимот на Ферари, а потоа беше и потврдена неговата замена со името на Шарл Леклер.

Празното место во Заубер по заминувањето на Леклер ќе го пополни токму Кими Раиконен, а потврдено е дека и двата пилоти ќе се обврзат на двегодишни договори.

„Мојот сон конечнсо се оствари, ќе возам за Ферари наредната година. Ќе бидам вечно благодарен на шансата која ми ја пружи италијанскиот гигант. Но, сега морам да се фокусирам до крајот на сезоната со тимот на Заубер, кој е исто така заслужен за мојот голем напредок, бидејќи ми даде шанса да се борам и да го покажам мојот потенцијал“, изјави Леклер.

20-годишниот пилот од Монако оваа сезона дебитираше во Формула 1, а на своето конто со тимот на Заубер освои 13 бода. Најдобриот пласман го забележа на трката за ГН на Азербејџан кога го освои шестото место.