• Иван Димовски
Возачите на Ферари имаа перфектна трка за Големата награда на САД на патеката „КОТА“ во Тексас бидејќи однесоа „еден-два“ победа.
Шарл Леклер извозе мајсторски и доминантно победи во Остин. Возачот од Монако тргна од четвртото место, но уште во првите неколку свиоци ја искористи мешаницата пред себе и тркањето на водечките. Леклер успеа веднаш да се пробие на првата позиција и почна да си гради предност. Освен во времеот кога влезе на промена на гуми, возачот на Ферари водеше од почеток до старт и сосема заслужено ја впиша третата сезонска победа по Монако и Монца.
За славјето во Ферари да биде уште поголемо се погрижи Карлос Саинц кој исто така покажа стабилна трка и заврши убедливо на второто место без многу драма. Е, кога се зборува за драма, одново ја имаше меѓу претендентите за титулата. Макс Верстапен на крајот заврши на подиумот, на сметка на Ландо Норис кој доби пет секунди казна поради тркачки инцидент и стекнување на предност вон патеката. Британецот заврши како трет, но веднаш падна зад Холанѓанецот во поредокот.
На петтото место заврши Пиастри пред Расел, Перез, Хулкенберг, Лосон и Колапинто во топ десет. Уште на стартот на трката Луис Хамилтон излета и порано си замина во боксот.