Леклер: Многу важна победа, извлековме максимум од болидот!

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, не го криеше задоволството по победата на Големата награда на Велика Британија, истакнувајќи дека триумфот доаѓа по тежок период за него и тимот.

Тој посочи дека во последните неколку тркачки викенди се соочувале со проблеми и грешки, но во Силверстоун конечно успеале да го пронајдат вистинскиот ритам и да го извлечат максимумот од болидот.

„Прекрасно чувство, после долго време победив и се радувам на успехот. Имавме многу проблематични викенди сезонава, немавме среќа, а во одредени моменти грешев и јас. Се враќаме во полн ритам и се надевам дека оваа победа нема да е последна. Тимот е заслужен исто така, ова е голем успех на нашиот болид“, рече Леклер. 

За Леклер ова е прва победа по октомври 2024 година. Возачот од Монако моментно е четврти во генералниот пласман со 108 бодови.