Леклер: Ќе продолжам да бидам агресивен и ќе преземам ризици

Леклер

Чарлс Леклер направи неколку грешки оваа сезона, кои му овозможија на Макс Верстапен да побегне во трката за шампионската титула.

Овој викенд следува трката за Големата награда на Унгарија. Возачот на Ферари најавува дека ќе продолжи да биде „екстра агресивен“ со цел да има предност во однос на големиот ривал од Ред Бул.

„Тоа ми даде предност во однос на Ред Бул оваа сезона. На почетокот од сезоната не можев добро да го искористам болидот. Како што одминуваше времето се подобрував. Тоа секако носи ризици, но и придобивки. Сепак јас сум возач во Формула 1 и морам да имам таков пристап“, вели Леклер.

Многумина го гледаат Леклер како следниот шампион на Ферари, но сомнежите се појавија оваа сезона, поради грешките кои го чинат во битката со актуелниот шампион.