• Зоран Мишевски

Караванот во Формула 1 се пресели на друг континент. Викендов најдобрите возачи на денешницата се во Соединетите Американски Држави, каде на улиците на овој град на Флорида се одржува трката за Големата награда на САД во Мајами, а квалификациите се одржаа вечерва. Се наговестува втора улична трка по Баку и многу драма во прекинатите квалификации.
Квалификациите беа прекинати на две минути пред крајот откако возачот на Ферари, Леклер излета од патеката, судиите го покажаа црвеното знаме и во тој момент беа препознаени резултатите на возачите кои до тој момент го возеа кругот. Споменатите резултати создадоа многу интересен стартен состав пред утрешната трка. Пол-позицијата му припадна на Серхио Перез во Ред Бул, а со Мексиканецот во првиот стартен ред ќе биде и искусниот Фернандо Алонсо во Астон Мартин.
Вториот стартен ред го сочинуваат Карлос Саинц во Ферари и Кевин Магнусен во Хас. Од петтата и шестата позиција ќе стартуваат Пјер Гасли во Алпина и Џорџ Расел во Мерцедес. Расел на тој начин потврди добар викенд, додека Гасли благодарение на паузата успеа да стигне до одлична петта позиција. Седмото и осмото место му припадна на Шарл Леклер, кој ја предизвика паузата со своето излегување во болидот на Ферари, а до него ќе биде Естебан Окон.
Лидерот во шампионатот и актуелен светски шампион, Макс Веерстапен во болидот на Ред Бул, ќе стартува од деветтата позиција. Верстапен извозе само еден круг во кој направи грешка и немаше шанса да ја поправи, бидејќи квалификациите беа прекинати.