• Мартин Танасковски

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, не ја заврши трката за ГН на Франција откако излета од патеката и многумина сметаат дека битката за титула во Ф1-шампионатот е готова.
Се возеше 18-тиот круг кога Леклер ја загуби контролата на болидот и заврши во гумите. Моментално вториот возач во генералниот пласман беше нервозен откако ја заврши трката, а на крај врескаше од мака.
Charles Leclerc team radio full audio:
The pain in his voice as he says “NOOOOO!” pic.twitter.com/gMULYnSnif
— Ferrari News (@FanaticsFerrari) July 24, 2022
Макс Верстапен сега е лидер во Ф1-шампионатот со 233 бода и има висока разлика во однос на најблискиот следбеник од Ферари.