Леклер до Фетел: Од тебе научив најмногу, чест беше да се биде твој колега

Себастијан Фетел по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти тимот на Ферари, каде пристигна по успесите во болидот Ред Бул во 2015 година. Италијанската екипа утрово ги потврди шпекулациите за заминвуањето, бидејќи не успеале да се договорат околу продолжување на соработката. 

Порака до Фетел испрати неговиот тимски колега Шарл Леклер со кој имаа тензични моменти и недоразбирања во минатото, но младиот возач призна дека стекнал многу искуство покрај повеќекратниот шампион. 

„Беше огромна чест да бидам твој тимски колега. Имавме неколку напнати ситуации во минатото на траката, но имавме и добри кои завршија како што сакавме. Пред сè тука секогаш имало почит, иако многумина не го гледаа тоа. Никогаш во животот не сум научич толку како преткодната сезона од тебе. Ти благодарам за сè Себ“, напиша Леклер. 

Новата сезона во Формула 1 веќе требаше да започне, но поради пандемијата со коронавирусот многу трки беа откажани. Во моментов нема официјални информации околу стартот и за кога се планираат првите возбудувања. 

Досега беа откажани десет трки и тоа во Австралија, Бахреин, Виетнам, Кина, Холандија, Шпанија, Азербејџан, Канада, Монако и Франција.