Легендарниот Зидан стана амбасадор на формула 1 тимот Алпин

Додека светот на фудбалот очекува да се врати на тренерскиот повик, легендарниот Зинедин Зидан од вчера има нова улога. Зидан стана амбасадор на Формула 1 тимот Алпин.

Легендата на францускиот фудбал се појави на презентацијата на болидот за сезоната 2023 година, во кој ќе бидат Естебан Окон и Пјер Гасли.

Зидан го водеше Реал од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Французинот со „кралевите“ освои две титули во Примера и три во Лигата на шампионите..

Неговото име се поврзуваше со француската национална клупа и првакот на Франција, Пари Сен Жермен.