Легендарниот Менсел: Хамилтон може да стигне до титулите на Шумахер

Легендата на Формула 1 шампионатот, Најџел Менсел, е воодушевен од победите на Луис Хамилтон и смета дека Британецот е на добар пат да ги стигне некогаш „недостижните“ седум титули на Михаел Шумахер.

„Тешко е да се каже кој е најдобриот британски возач на сите времиња. Низ годините се појавија многу шампиони од нашата земја. Сепак, Луис Хамилтон е на пат да не надмине сите и да ја освои титулата за најдобар на сите времиња. Тој е млад, но сепак искусен и е на добар пат да ги достигне титулите на најголемиот на сите времиња, Михаел Шумахер. Единствена пречка ќе биде неговиот карактер и неговата упорност за тоа да го постигне“ , вели легендарниот Најџел Менсел. 

Менсел е еднократен шампион во Фомула 1 натпреварувањето, во 1992 година.