Легендарната трка во Холандија се враќа во календарот по 35 години

ГН Холандија

Трката за ГН на Холандија последен пат беше дел од Ф1 календарот во далечната 1985 година.

Патеката Зандфорт повторно ќе биде дел од возбудувањата наредната сезона, потврдија организаторите на денешната прес-конференција.

Договорот е потпишан на три години, со можност истиот да биде продолжен на уште две.

Патеката и објектите околу неа ќе се реновираат, а се споменува дека ќе бидат искористени околу 40 милиони евра за организација на трката.

Последен победник на ГН на Холандија е легендарниот Ники Лауда.