Леб триумфираше на осмата етапа, Ал-Атијах е блиску до конечна победа

Дакар

Французинот Себастијан Леб стигна до четвртата етапна победа на овогодишното издание на рели Дакар.

Возачот на Пежо го обезбеди триумфот во вториот дел од етапата, која се возеше на релација од Сан Хуан де Маркона до Писко и беше долга 361 километар.

Лидерот во генералниот пласман Насер Ал-Атијах имаше солиден настап кој му донесе 24 дополнителни минути предност во однос на најголемиот ривал за севкупната победа Стефан Патерхансел, кој со многу проблеми ја заврши осмата етапа.

До крајот на релито остануваа две етапи на кои доколку Ал-Атијах не направи некоја катастрофална грешка ќе ја освои титулата.