Леб е победник на петтата етапа, Ал-Атијах ја зголеми предноста пред Петерхансел

Себастијан Леб

Возачот на Пежо, Себастијан Леб, доминантно стигна до победата на петтата етапа на релито Дакар која се возеше од Такна до Арегуипа со должина од 519 километри.

Французинот ја помина трката за помалку од пет часа и стигна до вториот триумф на овогодишното издание. Лидерот во генералниот пласман Насер Ал-Атијах водеше изедначена борба со најголемиот ривал Стефан Петерхансел на стартот од етапата. Но, катарскиот возач успеа да се одвои во завршниот дел и заврши со 25 минути предност пред најголемиот конкурент кој му стои на патот на третата победа на релито Дакар.

Нани Рома заврши на третото место, Петерхансел беше четврти, а Полјакот Јакуб Прзигонски одново беше солиден и обезбеди пласман на петтата позиција.

Денес возачите имаат слободен ден, а возбудувањата ќе продолжат со шестата етапа која е закажана за утре.