Ландо Норис најбрз на тренингот пред квалификациите во Имола

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз на третиот тренинг пред Формула 1 трката која за Големата награда на Емилија-Ромања, која се вози на патеката во градот Имола. 

Второто место му припадна на неговиот тимски колега, Оскар Пјастри, кој доцнеше само 0,100 секунди, а трет беше Макс Верстапен од Ред Бул со заостанување од 0.181 секунди. 

Кими Антонели заврши на четвртата позиција, додека петтото место го зазема Шарл Леклер од Ферари. 

Главните квалификации за трката во Имола ќе се започнат во 16:00 часот, а трката се вози в недела, со почеток во 15:00 часот.