• Иван Димовски
Ландо Норис ќе тргна од првата позиција на спринт трката за Големата награда на Катар. На патеката „Лусаил“ британскиот возач ја победи конкуренцијата во спринт квалификациите.
Возачот на Мекларен имаше најбрзо време од 1:21,012, доволно за пол-позиција на спринтот. Сепак, многу близу беше Џорџ Расел кој задоцни само 0,063 секунди. Од третото место ќе тргна Оскар Пиастри, додека четврти и петти во квалификациите беа Саинц и Леклер од Ферари.
Шампионот Верстапен имаше шесто најбрзо време, а во топ десет се уште Хамилтон, Гасли, Хулкенберг и Лосон.
Спринт трката во Катар е закажана од 15:00 часот, потоа во 19:00 се возат квалификациите. Главната трка в недела е во терминот од 17:00.