• Мартин Танасковски
Новиот светски шампион Ландо Норис потврди дека ќе го користи бројот 1 во следната сезона во Формула 1. Бројот 1 е резервиран за актуелниот светски првак, а досега со него возеше Макс Верстапен, кој освои четири последователни титули од 2021 година наваму.
„Ова е традиција,“ изјави Норис за Sky Sports News. „Тоа е бројот на шампионот, работиш напорно за да го заслужиш.“
Од 2014 година наваму возачите во Формула 1 можат да избираат постојан број, а од тогаш само Луис Хамилтон реши да не го користи бројот 1 како шампион, туку да продолжи да вози со својот препознатлив број 44.