Квартаро постави рекорд и освои пол-позиција на „Асен“ во Холандија

Францускиот возач Фабио Квартаро имаше одлични квалификации и ја освои пол-позицијата пред трката за ГН на Холандија во МотоГП шампионатот.

Дебитантот во најсилната класа заврши на првото место со време 1:32.017 секунди и воедно постави рекорд на патеката „Асен“. Заврши пред Марк Вињалес од Јамаха, кој заостануваше 40 стотинки, додека третото место му припадна на Алекс Ринс од Сузуки.

Марк Маркез, актуелниот првак, заврши на четвртото место додека Валентино Роси имаше квалификации за заборав и го зазема 14 место.

Трката за ГН на Холандија на патеката „Асен“ се вози в недела од 14:00 часот.