• Иван Димовски
Фабио Квартараро на одушевување на домашната публика освои пол-позиција за трката за Големата награда на Франција.
Поранешниот првак во фото-финиш му ја украде пол-позицијата на Марк Маркез. Квартараро забележа рекорден круг на патеката со време 1:29,324, откако претходно и Маркез го сруши рекордот.
Шпанецот ќе тргне од второто место во трката, додека во првиот стартен ред е и Алекс Маркез. Во топ десет имаше место уште за Алдегер, Вињалес, Бањаја, Бецеки, Милер, Морбидели и Фернандез.
Спринтот на трката во Ле Ман е закажан за 15:00 часот, додека главната трка в недела е од 14:00.
Во генералниот поредок водечки е Алекс Маркез со 140 бода, еден повеќе од својот брат Марк, додека Пеко Бањаја има 120 на третото место.