Квартараро со втора пол-позиција во низа, Вињалес и Крачлоу веднаш зад него

Фабио

Фабио Квартараро е освојувач на пол-позицијата во Арагон и ќе стартува пред конкуренцијата на утрешната трка.

Возачот на Јамаха оствари време од 1:47.076 и за нијанса зад себе го остави Маверик Вињалес. Трет ќе стартува Крачлоу, потоа следува Модбидели, а Мир се пласира на шестата позиција.

За Французинот ова е втора пол-позиција во низа, по онаа остварена на претходната трка на домашен терен во Ле Ман.