Квартараро се спушти под две минути и постави рекорд за најбрз круг на „Сепанг“

Возачот на Јамаха, Шпанецот Фабио Квартараро постави рекорд за најбрз круг на патеката „Сепанг“ во Малезија, каде викендов ќе се вози трка во Светскиот шампионатот во МотоГП.

Тој возеше 1:59.027 минути, што е најдобро постигнување во историјата. Со ова достигнување, Квартараро беше најбрз на првиот тренинг, со предност од само 0,083 секунди против тимскиот колега Франко Морбидели.

Квартарато е првиот пилот кој се спушти под две минути. Трет најбрз на првиот тренинг беше пилотот на Јамаха, Маверик Вињалес. 

Трката за Големата награда на Малезија се вози в недела наутро по средноевропско време.