Квартараро побрз од фаворитите, утре ќе стартува од првиот ред во Барселона

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро изненадувачки обезбеди пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Каталуња во Барслеона. Квартараро на Петронас Јамаха стигна до втора пол-позиција во кариерата, по онаа на трката во Херез.

20-годишниот Квартараро сезонава дебитираше во најсилната класа во Мото ГП. Тој низ целта мина со време од 1:39.484 минути и ги победи најблиските пратители Марк Маркез на Репсол Хонда и Маверик Вињалес на Јамаха.

Од третиот ред ќе тргнат Франко Морбидели и Валентино Роси, а од четвртиот Андреа Довициозо и Данило Петручи.

Трката за големата награда на Каталуња се вози утре попладне од 14:00 часот.