Квартараро најбрз во квалификациите во Ле Ман, стартен ред уште за Милер и Петручи

Фабио Квартараро, возачот на Петронас Јамаха, ја освои пол-позицијата за деветтата трка од овогодишниот шампионат во Мото ГП, која утре се вози за Големата награда на Франција.

На патеката во Ле Ман, младиот Французин имаше фантастични квалификации, за малку не постави нов рекорд, а стартното место на утрешната трка го обезбеди со време од 1:31.315 минути. Втората позиција во квалификациите му припадна на Џек Милер од  Прамак Дукати, кој зад Квартараро заостана само две десетинки.

За стартен ред се избори и возачот на Дукати, Данило Петручи, кој имаше три и пол десетинки полошо време од Квартараро.