Квартараро доминантен во „Муџело“ за трета овосезонска победа во Мото ГП

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро забележа нов успех во овогодишниот шампионат во Мото ГП. Младиот Французин уште еднаш ја потврди својата одлична форма оваа сезона и на доминантен начин славеше на трката за Големата награда на Италија, која е обележана со трагичната смрт на Џејсон Дупаскиер.

<<< ПОВРЗАНО - Трагедија во Италија: Почина мотоциклистот по тешкиот пад на вчерашните квалификации!

Квартараро за првпат во својата кариера беше најбрз на патеката „Муџело“, и со тоа стигна до својата трета победа оваа сезона во кралската класа, а вкупно седма во кариерата. 

Најблиску до Квартараро во целта беше Мигел Оливеира, кој вози за КТМ, со две и пол секунди заостанување, но тој беше преместен на третата позиција поради излегување од патеката во последниот круг. Така бранителот на титулата, Џоан Мир од Сузуки, се пласираше на второто место, пред Португалецот.