„Кутриот Фетел... во Белгија мораше да вози како Баричело со Шумахер“

Леклерк

Германецот Нико Розберг стана еден од експертите кои предизвикуваат бурни реакции со своите изјави во јавноста.

Поранешниот светски првак често испраќа провокации кон Луис Хамилтон, а сега негова жртва е Себастијан Фетел. Преку својот Јутуб канал, поранешниот член на Мерцедес го спореди Германецот со Рубенс Баричело.

„Кутриот Фетел... на трката во Белгија возеше како Баричело во деновите со Шумахер. Цело време му помагаше на клупскиот колега во немоќ. Неверојатно, за еден четирикратен светски првак... навистина импресивно“, рече Розберг.

Чарлс Леклерк конечно успеа да победи на една Ф1 трка, откако заврши пред конкуренцијата на патеката „Спа“.