Кубица си оди од Вилијамс по крајот на сезоната

Роберт Кубица, актуелниот Ф1-пилот на Вилијамс, објави дека си заминува од тимот по крајот на актуелната сезона.

34-годишниот возач се врати во најбрзиот автомото спорт во 2019 година по кратка авантура во релито, но реши да менува тим. Одлуката тој ја соопшти непосредно пред трката за ГН на Сингапур која се вози овој викенд.

Се шпекулира дека Кубица во новата сезона ќе вози за екипата на Рејсинг Поинт.