Крај на една ера: Рено по речиси пет децении ја напушта Формула 1

Најпознатата автомобилска компанија во Франција, Рено, од 2026 година повеќе нема да биде дел од Формула 1. Тоа значи дека по речиси пет децении Рено ќе го напушти тркачкиот свет во оваа категорија.

Во моментов фабриката Рено е главен снабдувач на погонска единица за тимот на Алпин. Се работи за француска екипа која е наследник на Рено во Формула 1, поточно тим кој беше реименуван пред неколку години. 

Во 2025 година за последен пат Рено ќе има своја погонска единица во еден од болидите на Формула 1. Се очекува во иднина Алпин да склучи договор со Мерцедес, за Германците да ги снабдуваат со мотори за своите болиди. 

Инаку, Рено е дел од Формула 1 од 1977 година. Единствениот прекин во снабдувањето со погонски единици за својот тим фабриката Рено го имаше само од 1998 до 2000 година. Во својата историја овој тим има и две шампионски титули, на Фернандо Алонсо во 2005 и 2006 година.