• Сашо Поповски

Вест на денот во Формула 1 светот сигурно e прекинот на соработката помеѓу Мекларен и швајцарскиот бренд за часовници, Таг Хауер.
Швајцарската компанија е најстариот спонзор на болидот на англиски Мекларен. Нивната соработка траеше долги 30 години. Замена за англискиот болид ќе биде австрискиот тим на Ред Бул. Причината за прекинот е наводно лошата сезона на пилотите на Мекларен, кои во тимска конкуренција се наоѓаат на очајното 9. место.
Од двете страни беа задоволни од постигнатиот успех од соработката, која е една од најуспешните во овој спорт.